Членот на Пролет, Александар Василевски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на првото коло од Супер лигата.
Искусниот Василевски одигра одличен натпревар на гостувањето во Прилеп кај истоимената екипа и со десет погодоци беше најзаслужен за освоениот бод.
Главен конкурент на Василевски во гласањето беше голманот на Бутел Скопје, Бојан Блажески.
Левиот бек на Пролет освои околу 40% од гласовите на анкетата, додека второпласираниот Блажески имаше околу 37%.
Номинирани за МВП на 1. коло од Супер лигата беа уште Ивица Илиев, Мартин Серафимов, Жарко Пешевски, Никола Костески и Гоце Ојлески.