Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Алем Хаџиќ, беше прогласен за МВП на ЕХФ шампионатот за кадети во Словачка.
Неговата Босна и Херцеговина, славеше во финалниот натпревар против селекцијата на Летонија со 38-26.
Хаџиќ целиот турнир го одигра на високо ниво и беше лидер во националниот тим каде што селектор е неговиот татко.
Босна и Херцеговина со освојувањето на овој турнир се пласираше во А дивизијата и обезбеди директен пласман на ЕП 2026 годниа.