Кадетите во фокусот – еве кои 17 ракометари ќе играат за Македонија на ЕП

Машката кадетска репрезентација на Македонија од денеска го стартува настапот на Европското првенство во Црна Гора.

Како по обичај, Ракометната федерација на Македонија не ги објавува конечните списоци на ниту една од националните селекции кога патуваат на големите натпреварувања, но познато е дека во Подгорица отпатуваа 17 ракометари.

Селекторот Наум Танески нема да смета на повредениот Филип Мечкароски, кој се повреди на последниот тренинг пред патувањето.

Првиот меч на ЕП, Македонија го игра против Франција, потоа следува пресметка со Германија, додека за крај на групната фаза ќе имаме меч со Полска.

Состав на Македонија:

голмани: Трајковски, Николовски
крила: Ѓокески, Димовски, Петрески, Поповски
бекови: Илиевски, Крстевски, Лазов, Матески, Митев, Насевски, Пецаноски, Ѓурмешевиќ
пивоти: Ристевски, Славков, Тевдовски

Системот по кој ќе се игра на кадетското ЕП е истиот комплициран по кој се играше и младинското ЕП. Во продолжение потсетување за системот, кои селекции обезбедуваат место во главната рунда, кои ќе разигруваат за место на СП, а кои ќе разигруваат за опстанок на ЕП, односно да не испаднат во Б дивизија (ЕХФ шампионат).

Еве по каков систем ќе се играат кадетските и младинските ЕП – покомплицирано не може да биде!