Селекцијата на Унгарија славеше против Шпанија со 27-24 и се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри.
Со овој пораз, пак, Шпанија предводена од Амброш Мартин ги загуби и онака минималните шанси за прогрес од групата.
Унгарките водеа со плус два на паузата, 14-12, а иако во еден момент од второто полувреме Шпанија стигна до реми, 20-20, сепак немаше сили за нешто повеќе.
Со шест гола, десниот бек Клујбер ја водеше Унгарија до важниот триумф, додека исто толку за поразената селекција постигна Барбоса.
Франција и Холандија се на првите две позиции со по шест бода, а Унгарија има пет на третата позиција и многу веројатно оди од таа позиција во ТОП 8.