Младинците на Македонија и натаму се без пораз на ЕП во Словенија, а пред нивните налети падна и Романија.
За најкорисен играч, односно МВП беше прогласен Иван Галевски, кој собра осум одбрани, а најголем дел од нив во моментите кога се кршеше резултатот.
Битолчанецот со 43% успешност, одново ги излуде противничките ракометари, а постигна и гол во нивната мрежа.
Нашата селекција имаше одлични голмани на овој натпревар. Давид Брестовац имаше седум одбрани во првиот дел, додека Галевски беше одличен во второто полувреме.
Сега останува натпревар со Франција од последното коло во групата И, а потоа ќе следуваат уште два меча многу веројатно против Словенија и Унгарија за конечниот пласман на ЕП.