Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ќе игра во група со Веспрем, ПСЖ, Висла Плоцк, Фуксе Берлин, Динамо Букурешт, Спортинг Лисабон и Фредериција.
Од полскиот шампион велат дека осум екипи ќе се борат за место во следната рунда и не сакаат да прават прогнози.
„Сите очекуваат да кажеме колку бодови ќе освоиме или до која фаза ќе стигнеме. Но јас не сакам да правам прогнози. Ова е спорт. Осум екипи ќе се борат за место понатаму. И ние меѓу нив. Ќе се сретнеме со старите пријатели од Веспрем и ПСЖ. За нашите навивачи ќе биде убаво да патуваат во Берлин на дуелот со Фуксе. Ќе сториме се за да се подготвиме одлично за овие натпревари. Екипата ќе ги остава душата и срцето на терен, ќе направи се што е можно да ја оправда довербата на навивачите и да стигне далеку во ЛШ“, изјави претседателот на Висла, Артур Становски.
Пелистерци ќе играат со Висла на гостински терен на 9/10 октомври, додека ќе ја пречекаат во Битола на 12/13 февруари следната година.