Составот на Куманово продолжува со формирањето на ростерот за следната натпреварувачка сезона.
Кружниот напаѓач Дарио Симоноски е вториот ракометар од минатата сезона што стави потпис на нов договор.
По промовирањето на три засилувања, раководството работи и на задржување на дел од играчкиот кадар од минатата сезона.
Симоноски кои имаше одлични настапи, се обврза на нова соработка и ќе остане во Куманово најмалку до 2025 година.
Претходно Куманово го договори младиот пивот Цековски, доаѓа младинскиот репрезентативец Давид Димевски, како и десното крило Дамјан Јакимовски, кој минатата сезона беше дел од Скопје.
За Куманово потпиша и ракометарот од Бразил, Каио Винициус Де Соуза Мораис, а соработката со клубот ја продолжи искусниот Грузиец, Уча Гамзардија.