Александра Коловска со камбек на терените, заигра за Металург Автокоманда!

Македонската репрезентативка Александра Коловска, по долга пауза се врати на ракометните терени.

Таа веќе има нов клуб и заигра за Металург Автокоманда, откако минатата сезона го носеше дресот на словачкиот тим Јувента Михаловце.

Борбената ракометарка што игра на позицијата кружен напаѓач скина лигаменти додека настапуваше за младинската селекција минатото лето на подготвителен турнир и го пропушти ЕП и скоро цела тековна сезона.

Таа веќе го одигра првиот меч по паузата за Металург Автокоманда и постигна два гола во триумфот над Пелистер во Битола. Ќе биде во комбинација и за настап на СП за младинки во Скопје, откако се најде на поширокиот список на селекторот Јанев.

Коловска пред настапите во Словачка беше дел од Вардар и Металург.