Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, од сезонава избира и „ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.
Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.
На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за вторпат ќе биде направен во првенството на Македонија.
Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.
Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 23. коло од единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.
Во изборот за ѕвезда на 23. коло има по една ракометарка од Куманово, Деспина и Металург Автокоманда.
За ѕвезда на колото може да гласате до недела до 12:00 часот.
Женска лига, 23 коло, резултати:
Скопје – Куманово 22:29 (ИЗВЕШТАЈ)
Стружанка – Пелистер 23:21 (ИЗВЕШТАЈ)
Ѓорче Петров – Гевгелија 51:17 (ИЗВЕШТАЈ)
Чаир – Овче Поле СУ 44:19 (ИЗВЕШТАЈ)
Деспина – Шампион 33:20 (ИЗВЕШТАЈ)
Металург Автокоманда – Вардар 23:30 (ИЗВЕШТАЈ)
Спартак – Астибо 35:27 (ИЗВЕШТАЈ)
ТРИ ЅВЕЗДИ НА 23. КОЛО
Андреа Илиќ (Вардар) – Голманката на „црвено-црните“ повторно имаше одлично издание во Женската лига и со 15 одбрани беше најзаслужна за убедливиот триумф против Металург Автокоманда.
Ангела Камческа (Деспина) – Членката на прилепскиот тим продолжива со добрите настапи, со осум погодоци и неколку асистенции беше предводник во високиот триумф над Шампион.
Рона Мифтари (Чаир) – Големата надеж на Чаир на натпреварот против Овче Поле СУ ја оправда дадената минутажа и имаше седум успешни реализации.