Ракометарките на Куманово прославија уште една победа во Женската лига, откако славеа на гости кај Скопје со 29-22.
Победникот беше најавен уште по првото полувреме, кога избраничките на Славиша Димитријески водеа со 15-9.
Сепак домаќинките парираа во поголем дел од полувремето, но неколку грешки во серија и Куманово се одлепи на плус шест, 15-9.
Скопје намали на минус три во второто полувреме, но остана без Павлова која доби трето исклучување и црвен картон.
По 17-14, гостинките дадоа седум гола во серија за 24-14 и веќе немаше дилеми околу победникот на овој натпревар.
Најдобар стрелец во победничкиот состав беше Зечевиќ со шест гола, а по пет постигнаа Цветановска, Еленин и Ѓошевска. Во составот на Скопје се истакна Ристиќ со пет погодоци.