ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Тиквеш гостува кај шампионот, Бутел ја пречекува Струга

На денешната програма во Македонија ќе се одиграат три натпревари од 12. коло од суперлигашкиот плеј-оф/аут.

Шампионот Еурофарм Пелистер на свој терен ќе го пречека незгодниот тим на Тиквеш, кој се бори повторно да обезбеди излез на европска сцена.

Пелистерци на првиот натпревар во Кавадарци наидоа на голем отпор и триумфираа со три гола разлика, 24:21.

Бутел денеска пред својата публика по вторпат силите ќе ги одмери Струга и ќе атакува на трета победа во плеј-оф фазата.

Вториот тим од Битола во натпревар од плеј-аут фазата ќе биде гостин во Скопје кај истоимената екипа.

Денеска ќе има и два натпревари од четвртфиналето во Лигата на шампионите, по што ќе бидат познати првите патници на Ф4 турнирот во Келн.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
15:30 СКОПЈЕ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 (МАКЕДОНИЈА)
17:00 ФРАМ – ХАУКАР (ИСЛАНД)
17:15 БРЕГЕНЦ – КРЕМС (АВСТРИЈА)
18:00 БУТЕЛ – СТРУГА (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ДЕБРЕЦЕН – КИШВАРДА (УНГАРИЈА)
18:45 AЛБОРГ – ВЕСПРЕМ (ЛШ)
19:00 ЕРЛАНГЕН – МЕЛСУНГЕН (БУНДЕС)
19:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ (МАКЕДОНИЈА)
20:45 МАГДЕБУРГ – КЕЛЦЕ (ЛШ)