Еден од двата тима што се во конкуренција за титула во Бундес лигата оваа сезона, Фуксе Берлин, објави за две нови имиња во составот.
Станува збор за 25-годишниот десен бек Јанек Клајн, кој доаѓа од второлигашот Лудвигхсафен и потпиша договор на две сезони, како и за најголемиот австриски талент.
Николас Паулнштејнер има 19 години и досега беше член на австрискиот Линц во татковината, а тој се обврза на тригодишна верност кон „лисиците“.
Двајцата во следната сезона со оглед на силната конкуренција ќе бидат позајмени една сезона во филијалата Постдам.