Далипоска даде 13 гола, Стружанка ги освои бодовите кај Шампион

Ракометарките на Стружанка забележаа нова победа во Женската лига, откако славеа на гостувањето кај Шампион со убедливи 29-17.

Предводник на гостинскиот тим беше левото крило Мендувие Далипоска, која постигна 13 гола во домашната мрежа.

Шампион успешно парираше 25 минути од првиот дел кога водеше со 9-8, но потоа се случи еден голем пад, низа грешки кои беа казнети и Стружанка замина на пауза со плус четири, 13-9.

Во вториот дел комплетно беше скршен отпорот на домаќинките и Стружанка лесно и рутински го доработи натпреварот до крај.

Покрај Далипоска, во победничкиот тим се истакна и Теодора Маркоска со осум гола, а кај Шампион, Ангела Петровска даде пет погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080