Тимот на Локомотива Загреб, каде што игра македонската репрезентативка Андреа Седлоска, забележа убедлив триумф против Кока со 42-17.
Во натпреварот од 19 коло, Локомотива немаше никакви проблеми да дојде до триумф и уште по првиот дел ги обезбеди бодовите, 21-10.
Македонската репрезентативка беше меѓу најдобрите стрелци и успеа да постигне пет погодоци од шест обиди.
Локомотива Загреб и Седлоска сега се на втората позиција на табелата со 27 бодови, а следното коло ќе гостуваат кај Рудар Лабин.