Искусниот стратег Владимир Глигоров во продолжение од сезоната ќе биде тренер на косовскиот тим Кастриоти Феризај.
Некогашниот селектор на женската репрезентација на Македонија работеше во Голден Арт, но сега ќе има нов интернационален предизвик во кариерата.
Глигоров претходно ги водеше и селекциите на Сирија, Саудиска Арабија и Либан, а седеше на клупата на Кометал Ѓорче Петров, Металург РА, Радовиш, Вардар Неготино и во уште неколку екипи.
Со женската репрезентација на Македонија го оствари најголемиот репрезентативен успех – осмото место на ЕП 2008 година.
Кастриоти во моментов се наоѓа на четвртото место на табелата во косовскиот шампионат на десет кола пред крајот на регуларниот дел со биланс од 11 победи и седум порази, а Глигоров би требало да дебитира на гостинскиот дуел со Дечани.