Тимот на Макаби Ришон Ле Зион, каде што брани македонскиот интернационалец Градимир Чаневски, запиша нов триумф во израелскиот шампионат.
Макаби Ришон Ле Зион предводен од Чаневски, запиша нови бодови со триумфот на домашен терен над Хапоел Ашдод со 27-25.
Македонскиот чувар на мрежата запре 15 удари на противничките ракометари, односно имаше околу 40% успешност.
Макаби Ришон Ле Зион е втор на табелата со 25 бода, а лидер е Рамат Хашарон со 29 бодови, а следниот меч е градско дерби со Хапоел Ришон Ле Зион.