Вардар остана без eдна од најдобрите – прв интернационален предизвик за Сара Стефаноска!

Една од најдобрите ракометарки на Вардар, Сара Стефаноска, во продолжение од сезоната ќе го има првиот интернационален предизвик.

Tаа се сели во северниот сосед, во српскиот шампион Јагодина, која и во моментов е лидер на табелата во Србија.

Стефаноска во последните неколку сезони се профилираше како една од најдобрите ракометарки во македонскиот шампионат и редовно беше меѓу нај-стрелците.

Српскиот првак во следните денови би требало да го официјализира преминот на македонскиот лев бек, што ќе соработува со тренерот Драган Марков.

Своето деби 19-годишната ракометарка би требало да го има по репрезентативната пауза на мечот со Медицинар Шабац.