Според пишувањата на романскиот портал fanatik.ro актуелниот селектор на Романија, шпанецот Чави Пасквал ќе си замине од селекторското столче на оваа репрезентација. Пасквал веќе по завршувањето на ЕП во Германија на кое Романската репрезентација го освои 22.место ја подготвил оставката.
Следната недела имам состанок со претседателот на федерацијата. Немам што повеќе да додадам.-изјави Пасквал.
Романија на Европското првенство настапи во групата Б заедно со селекциите на Хрватска, Австрија и Шпанија, каде запиша три порази и го заврши натпреварувањето во преелиминарната групна фаза.
Од друга страна, отказот во репрезентацијата не би влијаел на останувањето на шпанецот на кормилото на романскиот Динамо Букурешт.