Екс голман на Вардар стигна до 1.000 одбрани во Франција

Поранешниот голман на Вардар, Рубин Кантегрел, кој настапува во Понто Комбо, минатиот викенд прослави фантастичен јубилеј.

Искусниот голман заедно со екипата на Понто Комбо во натпревар од 14. коло од Првата лига во Франција одиграа реми со Шербур, 24:24.

Кантегрел на одиграниот натпревар стигна до 1.000 одбрани во својата играчка кариера помината во прволигашката конкуренција во Франција.

28-годишниот голман во сезона 2020/21 беше дел од „црвено-црните“, потоа направи трансфер во Тулуз, додека во последните две сезони го носи дресот на Понто Комбо.