Хамбург и Грац ќе бидат домаќини на завршните турнири во Лигата на Европа

Европската ракометна федерација ги објави домаќините на завршните турнири во Лигата на Европа.

Кај мажите, за првпат домаќин на најдобрите четири екипи во второто по квалитет европско натпреварување ќе биде германскиот град Хамбург.

Ф4 во Лигата на Европа е на програмата на 25 и 26 мај во „Барклејс Арена“, која има капацитет од 12.000 гледачи.

Кај дамите, по вторпат домаќин на најдобрите четири екипи ќе биде австрискиот град Грац, кој и лани беше збирно место за Ф4 во Лигата на Европа.

Завршниот турнир во женската Лига на Европа ќе се одржи на 11 и 12 мај.