Тиквеш ја загуби драмата во Кавадарци и пренесува само бод во плејофот

Тиквеш беше на прагот да направи изненадување на дуелот со актуелниот вицепрвак на Македонија, но кавадарчани попуштија во последните моменти од средбата. Мечот заврши со триумф на сините од Автокоманда, 25-23 (12-13), иако домашните имаа шанса во последните секунди да стигнат до посакуваното реми.

По овој меч Тиквеш остана на третото место на табелата и ќе пренесе само 1 бод во разигрувањето за титулата. Први се сините од Автокоманда кои ќе пренесат три бода, два ќе пренесе Охрид, еден ќе има Тиквеш, а Струга ќе тргне без бодови.

Тиквеше имаше водство од 23-22 во 57 минута со голот на Кристијан Анастасовски, но потоа не издражаа, па примија гол, и имаа и шанса во последната минута да стигнат до реми. Ударот заврши во рацете на Благојче Трајкоски кој реализираше од „гол на гол“.

Домаќините го имаа расположениот Ани Обинна кој постигна 12 гола, но тој беше недоволен за освојување на барем еден бод. Целиот меч израмнет, бидејќи двата тима има свои минути, но ниту еден немаше можност резултатски да се одлепи. Во тимот на гостите пет гола даде Иван Џонов.