Охрид одработи рутински против Скопје, сега ќе чека услуга

Тимот на Охрид славеше против составот на Скопје со убедливи 34-24 и победнички ја заврши 2023 година. Гостите парираа во дел од првото полувреме, но немаа сили во таков ритам за цел меч и на крајот охриѓани ги освоија трите бода без проблеми.

Охрид сега има 33 бода на делба на второто место и подобар меѓусебен дуел од Тиквеш, но кавадарчани имаат и натпревар помалку со вицепрвакот на домашен терен, на кој ако освојат најмалку бод ќе бидат втори. Охриѓани ќе чекаат кикс на кавадарчани за да пренесат два бода во плеј-оф.

Скопје на натпреварот парираше во првите дваесетина минути, а најчесто се играше гол за гол до 11-11 и имаше дури девет израмнувањ на резултато. Тогаш гостите почнаа да грешат, а сите нивни грешки беа казнети.

Погодија Крстевски, Шипинкоски, Тасески, како и голманот Ристевски за 16-11, но Скопје постигна гол до паузата за 16-12. Второто полувреме беше само формално одработување на веќе започнатата работа и немаше возбудувања на теренот.

Двајцата стратези им дадоа шанса на повеќето ракометари од клупите, а резултатската предност во корист на охриѓани растеше до конечните плус десет за победнички крај на годината.

Најдобри стрелци кај Охрид беа Теимураз Орјоникидзе и Никола Шипинкоски со по шест погодоци, додека Никола Стоилевски даде пет. Во составот на Скопје се истакна Бојан Чакалиќ, кој седум пати ја затресе домашната мрежа.

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД11110033
2ВАРДАР 196111100130
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1190227
4ОХРИД1180324
5БУТЕЛ1160518
6ТИКВЕШ 20141151516
7ПРОЛЕТ1142514
8ПРИЛЕП1141613