Ракометарите на Алборг во натпревар од 9. коло во Лигата на шампионите одиграа фуриозно против норвешкиот шампион Колстад, триумфираа со 29:18.
И на првата меѓусебна пресметка подобар беше данскиот вицепрвак, но тогаш Колстад одигра далеку подобро и беше минимално поразен со 27:25.
Алборг со денешната победа го презеде лидерското место во групата А, сега има 12 бода, односно бод повеќе од Кил, кој има и натпревар помалку
18 гола на Колстад за 60 минути доволно говори каква одбрана одиграа гостите, кои голема помош имаа и од искусниот голман Никлас Ландин.
Избраниците на Стефан Мадсен уште на почетокот покажаа дека не планираат да бидат изненадени и со сите расположливи сили целосно го надиграа норвешкиот шампион.
Алборг уште на почетокот наметна свое темпо, на пауза имаше предност од 14:9, додека вториот дел беше повеќе формалност, во која домаќинот немаше никакви сили за парирање.
Најефикасен во победничката екипа беше Мадс Хоксер со шест погодоци, по пет постигнаа Микел Хансен и Кристиајн Бјорнсен. Кај Колстад прво име беше Сандер Сагосен со четири реализации.