Загреб го суреди ПИК Сегед и ја продолжи трката за осминафинале!

Хрватскиот шампион Загреб ги задржа шансите за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите, откако на домашен терен го совлада унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед со 30-25.

Mечот што го судеа македонските арбитри Начевски и Николов, беше решен уште по првиот дел, кога Загреб кој немаше слаба точка на овој натпревар, направи предност од пет погодоци, 17-12.

Гостите отворија со водство од 4-1, веројатно помислија дека ќе имаат лесна задача, но како одминуваше времето така Загреб се разигруваше. Мандиќ го бранеше и невозможното, а Чупиќ, Дибиров и Кос го полнеа голот на Имсгард.

Во вториот дел гостинските ракометари ги загубија нервите, немаа трпение во нападот, Загреб постигнуваше лесни погодоци и во еден момент предноста се искачи на девет гола, 22-13.

Унгарскиот вицепрвак намали на минус шест на шест минути до крајот, но Чупиќ ја прекина гостинската серија со гол од пенал за 28-21 и потврди дека бодовите ќе останат дома.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Чупиќ и Срна со по шест гола, Дибиров даде четири, а Моралес три погодоци, додека голманот Мандиќ имаше 12 одбрани. Кај ПИК Сегед, најдобар беше Мачковшек со пет гола.

Во следното коло Загреб гостува во Битола кај Еурофарм Пелистер, додека ПИК Сегед ќе го пречека Келце.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ВЕСПРЕМ14120224
2ФУКСЕ БЕРЛИН1490518
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1490518
4СПОРТИНГ1482418
5ДИНАМО БУКУРЕШТ1460812
6ВИСЛА ПЛОЦК1451811
7ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР143298
8ХК ФРЕДЕРИЦИЈА1411123