Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер губи на полувреме од ПИК Сегед со 15:12 во натпревар од 8. коло во Лигата на шампионите. Домашниот тим во текот на првите 30 минути на моменти имаше кризен период, додека гостите најчесто водеа со два до три гола разлика.
Натпреварот беше отворен со голот на новото засилување на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски. По предноста на домаќините од 2:1, следуваа четири гола во низа на гостите кои во воведните десет минути дојдоа до највисоките дотогаш плус три, 5:2.
За тој период, голманот на ПИК Сегед, Роланд Миклер, имаше одбранети удари и еден седмерец и беше меѓу најзаслужните за предноста на неговиот тим. Избраниците на Бранко Ангеловски по малата криза кон средината на првиот дел со погодоците на Кузмановски и Радовиојевиќ ја преполовија негативата, намалија на минус еден, 5:4, но гостите возвратија со иста мера победувајќи со 7:5 во 12 минута.
Пелистерци се обидуваа да направат камбек, но слабата игра во одбраната, која дозволуваше голем продор на гостинските ракометари, беше причина да имаат негатива од 9:6 во 15 минута. Сепак, ниту гостите не играа на ниво, па така македонскиот шампион успеа да намали на 9:8.
Домаќините секогаш кога требаше да израмнат, избрзуваа во нападот и грешките на битолскиот тим лесно беа казнувани од страна на унгарскиот тим. ПИК Сегед на осум минути пред крајот на првиот дел дојде до максималните плус четири, 13:9. Кризата во Еурофарм Пелистер беше со два гола во низа за намалување на пристојна предност од минус два, 13:11. Гостинот до крајот на полувремето ја одржа стекнатата предност и на пауза замина со 15:12.