Средбата меѓу Целје и Барселона беше прогласен за натпревар на неделата во 5. коло на ЕХФ лигата на шампионите, но Шпанците направија тој меч да мине во нивна доминација и да заминат дома до двата бода и триумф од 37-31 (22-17). Каталонскиот тим останува на врвот на табелата од Б групата со максимални 15 бода, додека Целје е последен без освоен бод сезонава.
И во 12 меѓусебен натпревар Целје останува без триумф против Барселона. Се до 12. минута од натпреварот Целје беше рамниправен, и резултатски во позитива, кога последне пат виодеше, со 7-6. Потоа Барселона направи серија од 4-0 и го презеде лидерството поведувајќи со 10-7. Од тој момент па се до крај на натпреварот, Барселона беше во водство, а домаќините само двапати стигнаа до негатива од два гола.
Гостинскиот голман емил Нилсен имаше 16 успешни одбрани, наспроти 9 на двајцата голмани на Целје. Највиоското водство Барселона го имаше во три направи, „плус 7“, и имаше константно водство со кое го направи натпреварот неинтересен, барем од резултатска гледна точка.
Жига Млакар со 6 гола за Целје беше најефикасен играч на средбата, а по пет дадоа Тим Чокан и Митја Јанц. Во победничкиот им тројца ракометари постигнаа по пет гола: Дика Мем, Хампус Ване и Блаж Јанц.
Во следното коло Барселона е домаќин на Телеком Веспрем, дуел што треба да го судат нашите Николов и Начевски, а Целј егостува кај Висла Плоцк.
ТАБЕЛА Б ГРУПА