Европската ракометна федерација ги објави делегирањата на официјалните лица за мечевите од Лигата на шампионите.
Македонскиот првак Еурофарм Пелистер во натпреварот од петтото коло ќе гостува кај шампионот на Хрватска, Загреб.
Натпреварот ќе го судат португалските арбитри Даниел Акото Мартинс и Роберто Акото Мартинс, а делегат ќе биде Томо Водопивец од Словенија.
Балканскиот двобој ќе се игра на 19 октомври со почеток во 18:45 часот во „Арена Загреб“, а домаќините oдлучија влезот да биде слободен.