Барса лесно го среди ГОГ Гудме

Тимот на Барселона ја продолжи победничката серија во Лигата на шампионите, откако славеше на домашен терен против ГОГ Гудме со 38-30.

По Монпелје, Магдебург и Порто, избраниците на Антонио Ортега лесно се справија и со данскиот првак.

Победникот беше решен уште по првиот дел кога каталонскиот гигант успеа да направи предност од девет гола, 20-11. Второто полувреме беше само формалност, иако данскиот тим успеа да намали дел од негативата.

Блескаше Дика Мем со осум погодоци, додека Н’гесан постигна пет, а голманите Де Варгас и Нилсен комбинираа 13 одбрани.

Во гостинскиот состав се истакнаа Арон Менсинг со шест и Емил Мадсен со пет погодоци, додека голманот тулин собра 13 одбрани.

ПозЕкипаНПРЛБ
1БАРСА14102232
2АЛБОРГ1482426
3НАНТ1473424
4МАГДЕБУРГ1461719
5ПИК СЕГЕД1461719
6КЕЛЦЕ1451816
7КОЛСТАД1451816
8ППД ЗАГРЕБ14311010