ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Еурофарм Пелистер без Гедбан, но со Кизиќ, Пранди го нема кај ПСЖ

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер вечерва ќе го одигра четвртиот натпревар во Лигата на шампионите, а противник ќе биде ПСЖ.

Стратегот на битолчани, Александар Јовиќ, за овој натпревар нема да смета на голманот Калифа Гедбан, пивотот Денис Василев, како и бековите Дарко Стевановиќ и Павле Атанасијевиќ.

Домашниот тим практично е со најсилниот ростер, со исклучок на Елохим Пранди, а на негово место Раул во составот го вметна 21-годишниот лев бек Валем Конрад Пелека.

Натпреварот меѓу ПСЖ и Еурофарм Пелистер се игра вечерва во салата „Пјер Де Кубертен“ со почеток во 20:45 часот.