Вардарецот Родригез и Куба по трета победа на Централноамериканските и карипските игри

Новиот член на Вардар, Ансер Родригез, заедно со репрезентацијата на Куба учествуваат на Централноамериканските и Карипски игри, кои се пандан на Панамериканските игри од Јужна Америка.

Куба, која е голем фаворит за златото во првото коло славеше над Венецуела со десет гола разлика, 30:20, додека Мексико ја декласираше Никарагва со 50:27.

Репрезентацијата на Родригез за втор ривал ја имаше Костарика и успеа да ја совлада, па така денес против Доминиканската Република ќе ја брка третата победа.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

21:00 ВЕНЕЦУЕЛА – КОСТАРИКА

23:00 ПОРТОРИКО – МЕКСИКО

01:00 КУБА – ДОМИНАКАНСКА РЕПУБЛИКА

03:00 САЛВАДОР – НИКАРАГВА