ПоПо Србија и Исланд, вечерва станаа извесни и последните два патника во полуфиналето на Светското првенство во Германија за младинци.
Селекцијата на Унгарија ја елиминираше Хрватска, откако со подобра игра во финишот славеше со 28-23, откако на полувреме беше 13-13.
Унгарците уште по првиот дел можеа да го решат победникот бидејќи водеа со плус пет, 13-8, но Хрватите се вратија во егал до паузата. Сепак Унгарија имаше подобар финиш и заслужено е во битката за медали.
Последниот полуфиналист е домаќинот Германија, која пак беше подобра од Данска со 31-26. Бундес тимот во првиот дел го најави победникот кога водеше со 17-11.
Полуфиналните средби се играат в сабота, додека распределбата на медалите ќе биде во недела. Во полуфиналето Германија оди на Србија, додека Унгарија ќе игра против Исланд.