По настапот на силниот турнир „Четири нации“ во унгарскиот град Дабас, женската младинска репрезентација на Македонија ја чека настап на уште еден турнир.
Избраничките на Јулијана Дамчевска ќе бидат дел од турнирот „Трофеј Карпати“ што ќе се одржи во романскиот град Питешти.
Освен Македонија и домаќинот Романија, на овој турнир ќе настапат селекциите на Швајцарија и Србија.
Турнирот ќе се игра од 30 јуни до 2 јули, а првиот натпревар Македонија го игра против домаќинот Романија од 16:30 часот.
Македонија е во група со Данска, Чешка и Црна Гора на младинското ЕП во Романија што се игра од 6 до 16 јули.
Tрофеј Карпати, распоред на натпревари:
30 јуни, 16:30, Македонија – Романија
1 јули, 14:00, Македонија – Швајцарија
2 јули, 14:00, Македонија – Србија