Како што најави 24Ракомет, амбициозниот тим на Тиквеш ќе биде посилен со левиот бек Срѓан Мијатовиќ. Мијатовиќ е босански интернационалец и има 25 години, но има и српски пасош. Освен на левата одлично се снаоѓа и на средната бековска позиција.
Иако релативно млад, Мијатовиќ, кој потекнува од Борац Бања Лука и кој таму играше до 2019 година, има солидно искуство на меѓународна сцена. Во сезоната 2019/2020 играше за Пуенте Хенил и Виља Де Аранда во Шпанија.
Потоа две сезони ги бранеше боите на финскиот Рихимаки Кокс, со кој беше дел и од Лигата на Европа и Европскиот Куп. Ланската сезона ја почна во италијанскиот Сасари, потоа замина во швајцарскиот Берн Мури.
Во пролетниот дел од сезоната настапуваше за швајцарскиот второлигаш Бирсфелден, каде што имаше одлично остварување и на 12 одиграни натпревари успеа да постигне 62 погодоци.
Иако потекнува од Босна и Херцеговина, Мијатовиќ има и српски пасош, а настапуваше за српската репрезентација во младинските категории на две европски и две светски првенства.
Тиквеш претходно се засили со црногорското лево крило Мирко Мајиќ и нигерскиот десен бек Ани Обина. Наскоро се очекува официјална промоција и на голманот Јанко Гемаљевиќ.
Клубот од Кавадарци ги продолжи договорите со Борче Соколов, Кристијан Анастасовски, Евгениј Темелкоски, Димитар Коцев, Страхиња Симиќ и Никола Стефановиќ.
Тиквеш најактивен на трансфер пазарот – носи екс младински репрезентативец на Србија!