Денес на Светското младинско првенство ќе започне големата битка за четвртфиналето.
Вкупно 16 репрезентации ќе се борат за пласман меѓу најдобрите осум на младинскиот Мундијал.
Репрезентациите на Хрватска и Србија по потежок пат ќе бркаат четвртфинале, бидејќи ќе стартуваат со два, односно без бодови, така што ракометарите на двете репрезентации ќе мора да го дадат максимумот за пласман во следната фаза.
Фарски Острови е на прагот да направи историски успех, но за таа цел ќе треба во дуелите против Бразил и Португалија да оствари позитивен резултат.
Островската земја на Европското младинско првенство минатата година заврши на 10. позиција, додека истата година на Европското кадетско првенство дојде до деветто место.
Освен натпреварите од главната рунда, денес на Светското младинско првенство ќе стартуваат и дуелите од Президент Купот.
Рапоред на денешните натпревари
11:00 КУВАЈТ – АНГОЛА
11:45 МАРОКО – КУБА
11:45 НОРВЕШКА – ГРЕНЛАНД
13:15 ЈАПОНИЈА – КОСТАРИКА
13:30 ПОЛСКА – ЛИБИЈА
14:00 САУДИСКА АРАБИЈА – ЧИЛЕ
14:00 СЛОВЕНИЈА – АРГЕНТИНА
15:45 АЛЖИР – САД
15:45 ПОРТУГАЛИЈА – ШПАНИЈА
16:30 ИСЛАНД – ГРЦИЈА
16:30 УНГАРИЈА – БАХРЕИН
18:00 ФАРСКИ ОСТРОВИ – БРАЗИЛ
18:15 ХРВАТСКА – ТУНИС
18:45 ЕГИПЕТ – СРБИЈА
18:45 ШВЕДСКА – ДАНСКА
20:30 ГЕРМАНИЈА – ФРАНЦИЈА