Вардар со предност од „плус 4 “ на полувреме од финале на Купот

Вардар има уште едно полувреме до одбрана трофејот во Купот на Македонија бидејќи води со 16-12 по првите 30 минути од дуелот со Еурофарм Пелистер.

Имаа вардарци одличен старт од мечот во кој поведоа со 4-1 и не му дозволија на Еурофарм Пелистер д апостигне гол цели 7 минути. Потоа предноста се зголеми и до 7-3, а потоа и „плус 5„ за водство од 9-5 што беше прво највисоко водство на средбата.

Немаа решение битолчани за Куни Моралес кој постигна 6 гола во овој период од мечот, а по три дадоа Филип Талески и Леонардо Дутра.,

Изненанди Вардар со одбрана во која играа некои играчи што дотогаш не се појавуваа на тие места барем не на дулеите со Еурофарм Пелистер. Тешко им одеше на битолчани да ја пробијат цврстата и агресовна одбрана на „црвено-црните“.

Кај Вардар измена во однос на полуфиналето се Велко Маркоски и Марио Стојановски, на местото на Стефан Атанасовски и Андреј Добрковиќ. Иако беше на клупата во игра воопшто не влезе Дејан Манасков кој пријави повреда на првиот полуфинален меч.

За Вардар ова е шанса да стигне до 16 трофеј, а Пелистер с еуште чека можност да ја прекине 18 годишната традиција без триумф во Купот.