Управниот Одбор на Ракометната федерација на Македонија донесе одлука за премија доколку женската репрезентација успее да се пласира на Мундијалот во 2023 година.
УО ќе ги награди ракометарките со 2.500.000 денари или околу 40.000 евра доколку ја минат Украина.
Првиот бараж меч меѓу Македонија и Украина се игра во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“ на 8 април од 19:00 часот.
Реванш средбата што ќе го даде патникот на СП се игра на 11 април во унгарскиот град Кишварда од 17:00 часот.