Еурофарм Пелистер 2 славенички се враќа од гостувањето во Пролет

Во натпревар за избегнување на дното на табелата во македонскиот плејоф, Пролет пред домашна публика загуби од Еурофарм Пелистер 2 со 25-26 (13-14). Младите битолчани со оваа победа во Скопје се реваншираа за поразот во Купот на Македонија, кој Пролет го доби во возбудлив и изедначен натпревар.

Двете екипи одиграа израмнет натпревар во кој грешките го диктираа резултатот, а двата тима имаа свои минути на теренот и предност на семафорот.

На почетокот на дуелот Пролет имаше предност која достигна до масимални “плус два”, но тоа беше и највисокото водство за Пролет на овој натпревар. Во продолжение следуваше одговор од помладите битолчани кои бргу го преземаа водството. Иако разликата не се зголеми до крајот на првиот дел, Еурофарм Пелситер со предност од еден гол замина на пауза (13-14).

Пролет го изедначи резултатот на стартот на вториот дел, но гостите од Битола одговорија со нова низа голови за највисоката предност од “плус три”, 15-18.

Во финишот на натпреварот Еурофарм Пелистер 2 влезе со четири погодоци предност. Разликата се намали, Пролет имаше последен напад за израмнување, кој не го реализираа за конечни  25-26 и нови бодови за Еурофарм Пелистер 2 во плје-оф сезоната од македонскиот шампионат.