Овој викенд ќе се одигра 7. коло во плеј-оф/аут фазата во македонската елита.
Екипата на Струга, која на претходните два натпревари триумфираше против Вардар Неготино, односно Радовиш, за следен ривал ја има Јуниор КВ.
Еден од поискусните во тимот на Струга, Тодор Јанкуловски за дуелот со Јуниор КВ очекува цврст и неизвесен натпревар,
„Мислам дека не очекува неизвесен, цврст и борбен дуел. Двете екипи сѐ со изедначен квалитет и само нијанси би одлучувале за исходот. Ние како тим на секој натпревар одиме на победа, така ќе биде и за натпреварот против Јуниор КВ. Најголемата опасност доаѓа од централната бековска позиција каде што игра искусниот Печенковски. Двете победи во претходните два натпревари многу ни ја подигнаа самодовербата, особено триумфот на тешкиот терен во Неготино. Сметам дека имаме квалитет да добиеме што повеќе натпревари и да обезбедиме повисока позиција на табелата во борбата за опстанок”, изјави Јанкуловски.
Натпреварот меѓу Јуниор КВ и Струга ќе се одигра на 2 април, со почеток од 18:30 часот во салата при ОУ „Круме Кепески“ во Кисела Вода.