Келце и Висла Плоцк се избегнаа во полуфиналето на Купот

Ждрепката за полуфиналните парови во полската федерација сакаше двата најголеми ривали, Келце и Висла Плоцк да се избегнат.

На задоволство на љубителите на ракометот, ако се оди според очекувањата, во јуни ќе има Куп финале меѓу двете најдобри полски екипи.

Во полуфиналето Висла Плоцк ќе игра со победникот од дуелот меѓу Гвардија Ополе и Азоти Пулави на 12 април.

Келце, пак, ќе се соочи со Квижун. И овој натпревар се игра на 12 април, додека големото финале ќе бидат на почетокот на јуни.