ДЕНЕСКА НА СП: Продолжуваат борбите за четвртфинале!

Денеска на Светското првенство продолжуваат натпреварите од главната фаза, како и дуелите од Президент Купот.

Во рамки од првата група, во терминот од 15:30 часот ќе играат Словенија и Шпанија. Доколку избраниците на Урош Зорман обезбедат поволен резултат против ,,црвената фурија”, тогаш ќе останат во игра за четвртфинале. Светскиот првак од 2013 година со победа над Словенија ќе обезбеди пласман меѓу најдобрите осум селекции на Мундијалот.

Од првата група, еден од фаворитите на овој Мундијал, селекцијата на Франција, која на свое конто има шест бода, за ривал го има Иран. На овој натпревар големи фаворити се ,,триколорите”, кои се очекува рутински да одиграат против селекцијата на Веселин Вујовиќ и да го заверат пласманот во четвртфиналето.

Интересни дуели ќе има од втората група, во која Шведска, Исланд, Португалија, Бразил и Унгарија имаат подеднакви шанси за четвртфинале. На лидерската позиција во оваа група се наоѓа селекцијата на Шведска. Домаќинот има шест бода, потоа следува Исланд со четири бода, по три бода имаат Португалија и Бразил, Унгарија има два бода, додека на дното на табелата се Зеленортските Острови без бодови.

Во разигрувањето за пласман од 25 до 32 место, односно во Президент Купот, ќе се одиграат два дуели. Чиле ќе се соочи со Ургувај, а Саудиска Арабија ќе се обиде да ја изненади Јужна Кореја и да дојде до првата мундијалска радост.

ДЕНЕСКА НА СП:

15:30 СЛОВЕНИЈА – ШПАНИЈА (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)

Моцарт коефициенти 1 (4.30) Х (8.50) 2 (1.45)

15:30 ЗЕЛЕНОРТСКИТЕ ОСТРОВИ – ПОРТУГАЛИЈА (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)

Моцарт коефициенти 1 (11.0) Х (16.0) 2 (1.07)

15:30 ЧИЛЕ – УРУГВАЈ (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)

18:00 САУДИСКА АРАБИЈА – ЈУЖНА КОРЕЈА (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)

Моцарт коефициенти 1 (4.00) Х (8.50) 2 (1.35)

18:00 БРАЗИЛ – УНГАРИЈА (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)

Моцарт коефициенти 1 (4.00) Х (8.50) 2 (1.35)

18:00 ИРАН – ФРАНЦИЈА (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)

Моцарт коефициенти 1 (22.0) Х (25.0) 2 (1.01)

20:30 ЦРНА ГОРА – ПОЛСКА (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)

Моцарт коефициенти 1 (3.60) Х (8.50) 2 (1.40)

20:30 ИСЛАНД – ШВЕДСКА (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)

Моцарт коефициенти 1 (3.40) Х (8.50) 2 (1.45)