Единствениот дебитант на Светското првенство во Полска и Шведска, селекцијата на Белгија, запиша историски триумф.
Избраниците на Јерим Сила го совладаа Тунис со 31-29 во второто коло и се на чекор до најголем успех и пласман во главната рунда.
Белгија се пласираше на овој Мундијал по суспензијата на Русија, откако претходно во првиот бараж за СП ја елиминираа Словачка.
„Ја заслуживме оваа победа и заслужуваме да сме на СП. Го оставивме срцето на терен и за тоа бевме наградени“, вели Арбен Керими, некогашниот член на Металург.
Белгија сега ја чека уште една средба против Бахреин, на која доколку победи со сигурност пренесува два бода во главната рунда.