Хрватите лути: Го победија САД со 18 гола, а МВП на мечот беше Американец!

Хрватска славеше против САД со 40-22 во второто коло од Мундијалот во Полска и Шведска и малку ги залечи раните од убедливиот пораз од Египет.

Но она што ги разбесни хрватските медиуми и тамошната јавност е потегот на ИХФ по натпреварот.

ИХФ за играч на мечот го прогласи американскиот репрезентативец Гери Хајнс, кој беше стрелец на шест погодоци.

На другата страна имаше многу подобри изданија на хрватските репрезентативци, на пример екс вардарецот Игор Карачиќ даде осум гола, а исто така и Јосип Шарац имаше шест од шест.