Официјалниот сајт на францускиот Брест Бретањ објави дека е постигна договор со десното крило Сиобан Делај. 19-годишната Делај потпиша договор на две и пол години и ќе биде замена за Паола Коатенеа, која ќе паузира поради бременост.
Селекторот на САД, Роберт Хедин, по завршувањето на обврските на СП ќе ја преземе тренерската функција во норвешкиот Фјелхамер. 56-годишниот шведски стратег доаѓа на местото на Кристијан Близнак.
Францускиот тим Иври објави дека е потпишан договор со пикерот Реми Левенте, кој треба да остане до крајот на сезоната. 30-годишниот Левенте претходно беше дел од Монпелје, Тулуз, Винтертур, а доаѓа од бундеслигашот Хам Вестфален.
Официјалниот сајт на унгарскиот Ѓер, објави дека црногорската репрезентативка Јелена Деспотовиќ се враќа на терените по паузата за бременост. Таа роди ќерка на крајот на август, а по шест месеци пауза ќе им се врати на тренинзите.
Романските медиуми најавуваат дека левото крило Лора Канор би требало да го засили Рапид Букурешт. Таа во моментов е членка на Мец, а оттаму минатата сезона во Рапид се пресели нејзината сестра близначка Орлан Канор.