Кадетската репрезентација на Македонија со две победи и еден пораз, ја заврши групната фаза на силнот „Шпаркасен Куп“ во Германија и обезбедија место во полуфиналето.
Избраниците на Раде Стојановиќ триумфираа против Австрија 25-23 и против Холандија 27-21, а загубија од Германците со 31-25 и оставија одличен впечаток.
Како второпласирани во групата Б, во полуфиналето ќе играме со селекцијата на Исланд, која без поголеми проблеми ги доби Швајцарија и Египет.
Мечот се игра со почеток во 12:30 часот, додека во второто полуфинале Германија ќе игра од 14:00 часот со Швајцарија или Египет.
Доколку го победиме Исланд ќе се бориме за пехарот од 20:00 часот.