Кадетската машка репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настапот на силниот турнир во Германија.
Селкторот Раде Стојановиќ ги собра кадетите по два месеци пауза и пријателските средби со Црна Гора.
„После шаммпионатот во Рига имавме две пријателски натпревари против Црна Гора, овој собир ни доаѓа после еден до два месеци пауза. Можам да кажам дека ќе учестуваме на еден квалитетен и јак турнир и Македонија за првпат со оваа генерација учествува на еден ваков турнир. Пет селекции, кои ќе учествуваат на турнирот, се веќе пласирани на наредното Светско првенство за кадети и на овој турнир претходно учествувале голем број на позанти ракометни имиња како Микел Хансен, Никола Карабатиќ, Лук Абало, Арон Палмарсон а од „постарите” учествувале Игор Вори, Паскал Хенс…“, вели Стојановиќ.
Противници ни се Германија, Австрија и Холандија и на овие средби, кадетите ќе имаат прилика да ги покажат своите квалитети против селекции од европскиот крем.
„Овој турнир ќе ни донес многу и ќе видиме до каде сме. Турнирот е со многу густ распоред, во три дена најверојатно ќе одиграме пет натпревари и ќе видиме до каде сме во овој момент. Краток е периодот за подготовки, четири дена сме во Скопје, играчите се тие, надополните со некои нови, нормално, секогаш повикуваме нови играчи од поширокиот список доколку некој ни откаже. Нема да бидеме во најсилен состав. Знаеме дека Александар Петковски, најдоброто десно крило од Рига нема да биде со оваа репрезентација и се надевам дека ќе биде еден од патниците за Европското првенство. Нема да ги откриеме сите наши карти, од друга страна ќе имаат другите играчи прилика. Ние знаеме каков мотив и каков принцип на работа наметнавме, без било кој, одиме на најдобар резултат што може, така товарот ќе го понесат 90% од играчите кои играа. Од помладите вкучивме двајца од генерацијата 2006, на еден од нив (Самоил Ристевски) нема да сметаме, поради повреда, но во понатамошниот процес сериозно ќе сметаме на него и ќе добие шанса бидејќи ја заслужува со неговата игра која ја покажува во Еурофарм Пелистер“, продолжи Стојановиќ.
За Германија се заминува на 26 декември, а потоа во три дена ќе бидат одиграни пет натпревари.
„На 26 тргнуваме во Германија, 27 играме прв натпревар, 28 две, а на 29 играме за пласман на турнирот. РФМ ни ги овозможуваат сите услови за да бидеме подготврни на тоа Светско првенство што не очекува. Се собираме на секоја ЕХФ недела, уечствуваме на турнири и мислам дека само со таква работа и таква професионалност може да очекува добри резултати и добар развој на овие категории за после кога ќе преминат во А репрезентација да го положат тоа од нив што се очекува и да не го изгубиме овој континуитет што го имаме“, заврши Стојановиќ.