Со денешниот собир ќе биде означен стартот на подготовките на машката кадетска репрезентација за настапот на силниот турнир во Германија.
Селекторот Раде Стојановиќ смета на 23 ракометари. Од оние првично најавените 20, ба дополнително повикани уште тројца – десниот бек Кристијан Стаменковиќ од Голден Арт, десното крило Јован Даневски од Куманово и пикерот од Еурофарм Пелистер 2 – Самоил Ристевски.
Кадетите ќе тренираат во Скопје до заминувањето за Германија на 26 декември. Тие се во група со домаќинот, Холандија и Австрија.
Од 27 до 29 декември, златните кадети ќе одиграат пет натпревари, три во групата и два за пласман на турнирот. На првиот ден, на 27 декември од нашите кадети ќе се соочат со Австрија од 16:00 часот.
На вториот ден од турнирот од 11:20, Македонија ќе игра со Германија, додека од 16:40 часот е пресметката со Холандија. На третиот и последен ден од турнирот, исто така нашите кадети ќе одиграат два меча според пласманот во групата.