ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Вардар на гости кај Спартак, Драчево го чека Партизан

Денеска започнува последното коло од регуларниот дел од Женската лига со дуелот меѓу Спартак и Вардар.

Избраничките на Александар Царчев гостуваат кај составот на Спартак во обид да победат и со победа да го завршат есенскиот дел од сезоната.

Во Првата лига, Драчево го пречекува составот на Партизан Гевгелија и ќе биде голем фаворит за три бода.

Покрај овие две средби на македонско тло, низ Европа ќе се играат уште пет средби.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

15:30 АИСТ КИТАЈА – МАШЕКА (БЕЛОРУСИЈА)

18:30 СПАРТАК – ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)

20:30 ДРАЧЕВО – ПАРТИЗАН ГЕВГЕЛИЈА (МАКЕДОНИЈА)

18:00 РУХ ХОРЗОВ – ГАЛИЧАНКА ЛВОВ (ПОЛСКА)

16:30 БУЗАУ – БИСТРИЦА (РОМАНИЈА)

18:00 ЦРНОМЕЉ – ОРМОЖ (СЛОВЕНИЈА КУП)

19:00 АЈДОВШЧИНА – КРИМ (СЛОВЕНИЈА)