Тимот на Чаир загуби вторпат од израелскиот Макаби Аразим Рамат Ган со 37-31 и ги заврши настапите за оваа сезона во Европскиот Куп. Чаир остана без капитенот Рахмани, која престрого доби црвен картон уште во 10. минута, а тоа домашните знаеја како да го искористат.
Водеше Чаир со 2-0 со головите на Микелидзе и Гулицоска, беше и 6-4, пред Рахмани да биде исклучена со директен црвен картон. Потоа Макаби Аразим направи комплетен пресврт, го презема водството и не го испушти, иако нашиот тим не се откажа во ниту еден момент и се бореше до крај.
По 7-7, Макаби со головите на Хавронина и на Теплицки се одлепи на 10-7, имаше и предност од плус четири, 13-9, но Чаир до крајот на полувремето успеа да намали на минус еден, 16-15.
По пет минути игра во вториот дел, домаќинките отидоа на плус пет, 21-16, па беше тешко во продолжение Чаир да брка негатива. Имаше нашиот тим повремени блесоци, Којовиќ беше солидна на голот, но тоа не беше доволно за позитивен резултат од овој дуел.
Најдобри стрелци кај Чаир беа Гулицоска со 12 гола и Микелидзе со пет, додека кај Макаби Аразим, Теплицки даде осум, а Хавронина седум погодоци.