ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Сканди битка за злато на ЕП, Струга на гости кај Прилеп

Денеска во центарот на вниманието ќе бидат битките за медали на Европското првенство. Во „Стожице Арена“ во Љубљана, Норвешка и Данска ќе играат во финалето и ќе се борат за злато во мечот од 20:30 часот.

Претходно од 17:45 часот, во битката за бронза ќе играат Црна Гора и Франција, а тоа ќе биде последен репрезентативен натпревар за легендарната Јованка Радичевиќ.

На домашна сцена ќе се игра последниот натпревар од 11 коло во Суперлигата во која Струга ќе гостува кај Прилеп, додека во Првата лига ќе има четири меча.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

17:45 ЦРНА ГОРА – ФРАНЦИЈА (ЕП)

20:30 НОРВЕШКА – ДАНСКА (ЕП)

11:30 ШАМПИОН – МУЛТИ ЕСЕНС (МАКЕДОНИЈА)

13:00 ТЕКСТИЛЕЦ – БИСИНОВ (МАКЕДОНИЈА)

13:00 АЕРОДРОМ – АСТРАИОН (МАКЕДОНИЈА)

16:30 ЈЕХОНА – КИЧЕВО (МАКЕДОНИЈА)

18:00 ПРИЛЕП – СТРУГА (МАКЕДОНИЈА)