Утре започнува Светското кадетско првенство во Македонија, кое ќе се игра до 10 август. Дел од репрезентациите веќе пристигнаа во македонската престолнина, а дел треба да пристигнат во денешниот ден.
Како што е веќе познато, и на ова натпреварување ќе има строги протоколи поради ситуацијата со Ковид 19. Репрезентацијата на Црна Гора во Скопје ќе пристигне без голманката од Будуќност, Андреа Шкеровиќ, како и без левото крило од Рудар, Маша Кузмановиќ.
Двете ракометарки се позитивни на Ковид 19 и остануваат во Црна Гора. Селекторот на црногорската репрезентација, Маја Савиќ не се реши да го надополни списокот поради отсуствата на двете ракометарки и на Светското кадетско првенство ќе може да смета на 17 играчи.
Црна Гора во групната фаза ќе игра во групата А. Ривали на избраничките на Маја Савиќ ќе бидат репрезентациите на Шведска, Алжир и Исланд. Најдобрите две репрезентации од оваа група ќе обезбедат пласман во следната фаза и ќе вкрстат со двете најдобри репрезентации од групата Б, во која се наоѓа и репрезентацијата на Македонија.
КОМПЛЕТЕН РАСПОРЕД ЗА СП: Македонија е домаќин на најдобрите млади ракометарки од светот